
Фудбалерите на Барселона победија со 3:2 со заостанатиот меч од шпанското првенство на непријатното гостувања кај Атлетик Билбао.
Барселона последен пат славеше во Билбао пред четори години, а потоа нанижа два пораза и реми.
Баските поведеоа веќе во 3 минута преку Инаки Вилијамс, но Каталонците собраа сили за пресврт. Прво во 14 минута израмни Педри, а потао во 38 минута тој му асистираше на Лионел Меси за 2:1.
Во 62 минута Антоан Гризман го пронајде Меси кој го постигна својот втор погодок на мечот, а Миниаин во последната минута го постигна вториот погодок за Атлетик.
Барса со победата фати приклучок кон врвот на рабелата и сега е трета со 31 бод, седум помалку и два меча повеќе од Атлетико Мадрид, додека Атлетик Билбао остана 9-ти со 21 бод,