Барселона го продава правото на преименување на „Камп Ноу“

Шпанскиот фудбалски гигант Барселона има намера да го промени името на својот стадион „Камп Ноу“ со името на некој спонзор кој во замена на сметката на клубот би уплатил извесна сума, соопшти каталонскиот клуб во вторникот.

Управата на Барселона тврди дека на тоа се решила за да собере пари кои се потреби за „истражувачки проекти и борба против коронавирусот во светот“, но и да ги финансира другите свои потреби, како што е обновувањето на стадионот.

„Ќе ги препуштиме името на стадионот за идната сезона на својата фондација којашто ќе бара спонзор. Во следните неколку седмици ќе започне постапката за барање спонзор кој би бил заинтересиран да го добе правото на името на стадионот“, се истакнува во соопштението.

Ова ќе биде првпат од основањето во 1899 година Барселона на некоја компанија да ѝ го отстапи правото да го именува стадионот со нејзиниот назив. Но актуелната водечка во шпанското првенство не наведува колкава ќе биде сумата којашто ќе ја побара.

„Сега нашата фондација ќе го стави името на стадионот на пазарот. Со добиените пари ќе формираме фонд кој ќе биде распределен на следниот начин: дел ќе биде наменет на проектот поврзан со коронавируот со кој ќе управуваат спонзорите, а остатокот ќе оди во проекти кои паралелно се развиваат“, соопштија од Барселона.

Барселона е првиот клуб во шпанската Премиер лига кој поради актуелната економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот ги намали платите на своите фудбалери, кошаркари и ракометари. Откако на 14-ти март беше прогласена вонредна состојба во Шпанија, каталонскиот клуб ги намали платит за 70 отсто до завршувањето на ваквата состојба. Засега е непознато кога првенството ќе биде продолжено. Игачите веќе пет седмици тренираат индивудуално во своите домови, а клубот ги губи приходите од продажба на влезници, телевизиските права и клупските сувенири.

Претседателот на клубот, Жозеп Марија Бартомеу, одлучни да ги отстрани од функциите членовите на управата кои не се согласуваа со неговите одлуки, по што шестмина од нив поднесоа заедничка оставка, со што управата остана на 13 од 19-те членови.