Антоан Гризман е блиску до конечна преселба во Атлетико Мадрид од Барселона. Клубовите наскоро ќе потпишат договор за трансфер на францускиот фудбалер за 20 милиони евра плус 2 милиони бонуси, соопштува „Relevo“.
Така, страните се откажуваат од клаузулата за откуп на напаѓачот по закупот за 40 милиони евра.
Атлетико повеќе нема да мора да го пушта 31-годишниот играч по 60. минута за да ги избегне задолжителните услови за откуп.
Самиот Гризман ќе потпише нов долгорочен договор со намалување на платата за 30% – до 7 милиони евра годишно.