Шпанскиот великан Барселона има уште едно големо НБА засилување за следната сезона, Никола Миротиќ.
Поранешниот член на Реал Мадрид и на НБА екипите Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс се договори со Барселона за соработка до 2022 година со опција за четврта сезона. Договорот ќе стане официјален откако ќе ги мине задолжителните медицински прегледи, а неговата промоција во „Палау Блауграна“ ќе биде на 8 јули.
🔥💣 Nikola Mirotic (@threekola) jugará en el @FCBBasket las tres próximas temporadas, hasta 2022, con opción de una cuarta temporada
👉 El lunes 8, a las 13:30h, presentación oficial en el Palau: https://t.co/N63gzZDqyS
🔵🔴 #ForçaBarça! pic.twitter.com/BjZdV1LV3x
— Barça Basket (@FCBbasket) July 6, 2019
За овој трансфер Црногорецот Миротиќ со шпански пасош треба да добие 70 милиони евра и да стане најплатениот европски кошаркар.
Никола е играч кој во изминативе години одигра 359 натпревари во НБА, плус претходно со успех го носеше дресот на Реал, па дефинитивно ќе биде огромно засилување за тимот преводен од Светислав Пешиќ.
Претходно Барса ги договори Кори Хигинс и Брендон Дејвис, додека нови договори освен тренерот Пешиќ потпишаа Клавер и Ертел, а тоа се очекува да го направи и Ханга.
„Дрим-тимот“ би бил комплетиран доколку се оствари и трансферот на Пау Гасол кој исто така е поврзуван со Каталонците.