Ова е прва титула за Каталонците по пауза од четири години, со оглед што последен пат беа шампиони во 2019 година, по што следеше доминација на тимовите од Мадрид од кои двапати најдобар беше Реал, а еднаш Атлетико. Работите на вечерашниот дуел кај градскиот ривал беа решени уште во првото полувреме, во кое Левандовски со два погодока и Балде со еден донесоа недостижна предност за Барса. Кунде на стартот од вториот дел зголеми и на 4-0, за до крајот Пуадо и Хоселу да погодат за намалување на негативата.
Барселона по 34 кола има 85 бодови, односно 14 повеќе од Реал Мадрид, поради што трката е веќе завршена. Ова е 27. титула за Каталонците, а прва без Лионел Меси во тимот по пауза од дури 24 години. Последната круна без Аргентинецот беше освоена во 1999 година, по што следеа десет трофеи за кое секогаш меѓу најзаслужните беше левоногиот магионичар, кој веќе втора сезона игра за ПСЖ.