Барселона со пресврт славеше на тешкото гостување во Сан Себастијан

Во првите натпревари од четвртото коло од шпанското фудбалско првенство, актуелниот шампион Барселона со пресврт славеше со 2:1 на гости кај Реал Сосиедад, додека Атлетико на својот терен во Мадрид одигра само 1:1 со Еибар, како што играше и Реал на гостувањето кај Атлетик во Билбао.

Барселона до оваа година дури 11 години немаше победа на „Аноета“ во Сан Себастијан, а сега дојдоа до втората во низа откако во јануари славеа со 4:2.

Баскиската екипа поведе во 12 минута со голот на Елустонда, користејќи грешка на гостинската одбрана. Реал Сосиедад замина на полувремето со минимална предност, во прв ред бидејќи Барселона го започна мечот со помалку неочекуван состав, па Валверде во второто полувреме го компонираше тимот според очекувањата. Тоа доведе до препознатливата игра на Каталонците, па иако домашните имаа уште две-три одлични шанси за гол, гостите за само три минути со головите на Луис Суарез во 63 и Усман Дембеле во 66 минути дојдоа до победата. Колку домашните беа блиску да му одолеат на шампионот зборува податокот дека најдобар играч на мечот беше голманот на Барселона, Марк-Андре Тер Штеген.

Барселона е на чело на табелата со максималните 12 бодови, а Реал Сосиедат во моментов е 10-ти со четири боови.

Атлетико киксираше дома против Еибар. Екипата на Диего Симеоне притоа имаше и доста среќа, бидејќи од поразот се спасија во четвртата минута од судиското продолжение со голот на Гарсес, и тоа откако Еибар повде во 87 минута преку Енриче.

Алетико останува на четвртата позиција со пет бодови, но го следат дури десет екипи со по четори бодови меѓу кои сега е и Еибар, а другите имаат меч помалку.

Валенсија и Реал Бетис одиграа без голови, со што домашните продолжуваат со разочарувањето на своите навивачи и моментално се на 16-то место со три бода, а гостите од Бетис го освоија петтиот бод со кој моментално се на петтото место.

Во последниот меч од саботната програма, во вечерниот термин, европскиот шампион Реал Мадрид освои само бод на второто енешно гостување на шпански фубалски великан во Баскија. Атлетик поведе со голот на Минаин во 32 минута, а за реал изедначи Иско во 63 минута, само две минути откако го замени Лука Модриќ.

Реал со бодото до Билбао заостанува сега зад водечката Барселона два бода, додека Атлетик уште е непоразен и со меч помалку е четврти со пет бодови.

Во петокот Рајо Ваљекано со 1:0 славеше на гостувањето ја Хуеска која остана на четири бодови на 15-то место на табелата, додека Рајо е две места подоле со три бода но и меч помалку.