Лидерот на најголемата албанска опозициска сила Демократската партија, Љуљзим Баша, на попладневната средба во средата со новинарите искажа тешки обвинувања против државните органи за криење на вистинската состојба со епидемијата на коронавирусот, особено за жртвите од предизвикани од опасниот вирус.
Баша притоа побара обвинителството да почне истрага за двајца високи функционери, односно премиерот и министерката за здравство.
„Според официјалните податоци, имаме продлабочување на кризата и рекорден број нановозаразени,но тоа се изманипулирани и фалсификувани податоци, зашто бројот на заразени,но за жал и починати, е многу поголем од оној што се објавува. Вчера медиумите објавија дека починал поранешен директор на сектор во општина Тирана, кој починал откако починал неговиот татко,но тој не е внесен во вчерашниот официјален извештај,што не е единствен случај. Обвинителството требаше да започне истрага за неделувањето на Еди Рама и министерката за здравство“, рече Баша.
Во однос на задолжителното носење заштина маска, одлука која стапува во сила од утре, Баша рече дека ќе ја почитува.
„Јас лично ја носев маската и уште одамна ве советував да ја носите. Владата не може да се затскрива со казни за маски, поради непреземањето соодветни мерки. Нема вистински мерки како што ги превзедоа земјите од регионот, како Косово и Македонија. Еди Рама за непреземените мерки се затскрива зад маските“, рече Баша.
Опозициоскиот лидер даде подршка на барањето на познати епидемиолози дека во земјата треба да се прават од 2.000 до 2.500 тестови во едно деноноќие за да се отслика реалната епидемиолошка состојба.
За неговиот најголем опонент, лидерот на Социјалистичката партија и актуелен премиер, Еди Рама, рече дека ги продава старите ветувања како нови.
„Ветувањето за укинување на акцизата е ветување од 2013 година и тоа го прави повторно како денес, магарето лета. Ниту неговото семејство не му верува“, додаде Баша.
Го повтори својот план за закрепнување од кризата предизвикана од пандемијата, нагласувајќи дека со нејзиното спроведување се избегнува второ фатално затворање на земјата.