Башар ал Асад ќе остане претседател на Сирија

Башар ал Асад ќе остане претседател на Сирија и ќе ја предводи евентуалната транзиција во случај на договор за време на мировната конференција во Женева, изјави сирискиот министер за информации, пренесува „АФП“.

„Ако некои мисли дека ние одиме на ‘Женева-2’ за да го предадеме клучот од Дамаск на опозицијата, тогаш тој можеби не би требало да оди“, рекол министерот Омран за Зохби.

Министерот ја критикувал Саудиска Арабија, која го поддржува бунтот, велејќи дека режимот во Дамаск ќе се спротивстави на учествотото на Ријад во „Женева-2“.

„Ништо не го оправдува присуството на Саудиска Арабија во политичкиот процес во регионот. Ние сакаме таа да не присуствува на конференцијата, бидејќи и нанесе многу штета на Сирија и на Сиријците. Веќе нема зошто да ги зачуваме нашите односи со Саудиска Арабија, по нејзиното директно мешање во војната против Сирија“, рекол министерот.