Украинската партија „Баткившчина“ (Татковина), објави дека се убиени тројца демонстранти во Киев, јави „Обозревател“.
„Има три трупа во офицерскиот дом, на наши луѓе. Уште седум лица се во претсмртна состојба. На брзата помош не и дозволуваат да дојде!“, истакнал преку социјалните мрежи пратеникот од партијата„Баткившчина“ Лесја Оробец.
Во зградата на офицерскиот дом во Киев демонстрантите се оформиле импровизиран медицински пункт.
Денеска повторно продолжуваат немирите во Киев, антивладините демонстранти се судрија со полицијата во близина на Парламентот.
Протестантите маршиле по улиците на Киев кон зградата на Парламентот со цел да го притиснат претседателот Виктор Јанукович да се откаже од своите овластувања.
Меѓу тоа, околу 100 метри пред Парламентот полициски кордон им се испречил на патот. Протестантите со камења ги нападнале полицајците, а потоа со Молотов коктел го запалиле комбето. На ова, полицајците вратиле со димни гранати и гумени куршуми.
Снајперистите на покривите на зградите во Киев пукале врз гневната топла демонстранти. Според украинските медиуми, повредени се 35 демонстранти.
Повеќето од повредените се со повреди во пределот на главата, а две жени се здобиле со рани од гумени куршуми.
Според руската агенција „Интерфакс“ во судирите се повредени тројца војници од внатрешната војска.