
Рускиот амбасадор во Македонија, Сергеј Баздникин, денеска се обрати на комеморативниот настан по повод 9 мај.
Во продолжение интегрален текст од неговото обраќање:
Денес, кога руските војници повторно, како и пред осум децении, треба да се борат со оружје во рацете против нацизмот што се вкорени на украинската земја, празникот 9 мај за нас е исполнет со посебно значење. Затоа на ослободените територии се подигнува Знамето на Победата – знамето што некогаш беше подигнато над Рајхстагот во Берлин.
Обвинети сме за агресија. Нагласувам – неосновано. Ние не сме агресори, туку ослободувачи. Велат дека ние наводно водиме кампањи за дезинформации и воена пропаганда – тоа исто така не одговара на вистинската состојба на работите: ние не се занимаваме со ширење на „фејкови“, туку користиме само факти и проверени информации. Се обидуваат да ја „откажат“ руската култура, наука, спорт – таквите напори не само што не им оддаваат почит на нивните иницијатори, туку се апсолутно бесперспективни.
Но никој не треба да има илузии – Русија секогаш сигурно ќе ја обезбедува својата безбедност, молскавично ќе реагира на какви било закани, ефикасно ќе ги брани своите легитимни интереси и доследно ќе ги штити правата на своите граѓани и сонародници. Никакви санкции или притисок не можат да влијаат на нашата решеност да ја браниме слободата, независноста, суверенитетот – нашиот и на нашите сојузници. Ги имаме сите можности за ова.
Повеќепати отворено и недвосмислено зборувавме за ова – би сакале конечно да бидеме слушнати.
Добро знаеме дека силата е во вистината. А вистината – и, забележуваме, Господ Бог – се на нашата страна. Затоа победата ќе биде наша.
Искрено им го честитам на сите празникот – Денот на Големата Победа!
Вечна им памет на паднатите, вечна им слава на живите херои!”