BBC ги прекршил новинарските стандарди и ја измамил принцезата Дијана

Историското интервју дедено во 1995 одина за британскиот редиодифузер BBC од принцезата Дајана, во коешто популарната Лејди Ди првпат дава сензационални откритија за нејзината брачна криза со престолонаследникот Чарлс, било резултат на „измама“ од новинарот Мартин Башир,утврдила истрагата на комисијата на лордот Дајсон, според извадоци од конечниот извештај објавени во четвртокот.

Заклучокот од истрагата е дека Башир покажал лажни банкарски трансакции за да го убеди Чарлс Спенсер, братот на принцезата Дијана, да го запознае со неговата сестра.

„Иако BBC не може да го врати времето по четврт век, можеме денеска целосно и безусловно да се извиниме“, изјави првиот човек на BBC, Тим Дејви.

„Без оглед на тоа што извештајот покажува дека принцезата од Велс имала волја да даде интервју за BBC, јасно е дека процесот на осигурувањето на интервјуто бил делеку од она што јавноста има право. Се извинуваме поради тоа“, додава челникот на британскиот радиодифузер.

Интервјуто кое Башир го направи со принцезата Дијана тогаш на BBC му обезбеди голема гледаност, го следеле повеќе од 20 милиони гледачи само во Белика Британија, или речиси третина од вкупното население.

Принцезата во интервјуто ја искажа прочуената реченица „Бевме тројца во овој брак“, при што алудираше на сегашната сопруга на принцот Чарлс, Камила Перкер Боулес.

Ова интервју беше првпат некој женски и воопшто член на кралското семејство отворено јавно да зборува за приватниот живот, и тоа за несреќниот брак со принцот Чарлс, неговата измама и својата булимија.

BBC ја отвори истрагата во ноември минатата година откако Чарлс Спенсер изјави дека бил измамен и прелажан со фалсификувани документи и „други измами“ за да го запознае Башир со Дајана.

Спенсер појасни дека Башир го убедил да ја наговори Дијана на интервју, бидејќи му кажал дека Дијана ја прислушуваат тајните служби и дека два високи советника се платени за информации за неа.

Башир се извини но рече дека не верува дека лажните документи ја убедиле Дијана да му го даде интервјуто.

На 14-ти мај The Guardian објави дека Башир поднел остаква од BBC „од здравствени причини“, откако бил отсустен со месеци поради сериозно заболување и дека е под истрага за неговиот професионализам во врска со споменатото интервју во програмата „Panorama“ која стана легендарно поради откривањето дека принцот Чарлс никогаш не ја прекинал врската со Камила Паркер. Интервјуто инаку го лансираше Башир како новинарска репортерска ѕвезда.

Минатата година под притисокот на семејството на Лејди Дијана, директорот на BBC, Тим Дејви наложи независна истрага за тоа како Башир успеал да ја убеди принцезата да зборува за нејзиниот несреќен брак со принцот Чарсл.

Од BBC и сега и тогаш објавија дека целосно се согласуваат со изводите од извештајот, во кој британскиот јавен радиодифузер и Башир се обвинети дека „не успеале да ги почитуваат високите стандарди на интегрите и компентентност“.