Јапонската бејзбол ѕвезда Шоеи Охтани, најпосакуваниот слободен агент во американската Major League Baseball (MLB) лига, потпиша договор со Лос Анџелес Доџерс, што го прави најплатен спортист во светот.
Иако не се познати поединосите од договорот, медиумите шпекулираат дека се работи за 700 милиони долари за десетгодишна верност кон Лос Анџелес Доџерс, што е најголемата сума платена на спортист во историјата на бејзболот и спортот воопшто.
„Одлучив да ги изберам Доџерс како мој следен тим“, напиша на Охтани на Instagram, кој првите шест години од својата MLB кариера ги помина во тимот на Лос Анџелес Енџелес.
Охтани им се заблагодари на навивачите и на Енџелс за шесте години за коишто рече дека ќе бидат „засекогаш врежани во неговото срце“.
„А на сите фанови на Доџерс им ветувам дека секогаш ќе го правам најдоброто за тимот и секогаш ќе продолжам да давам се од себе за да бидам најдобрата верзија од себе. До последниот ден од мојата играчка кариера сакам да продолжам да се стремиме напред, не само за Доџерс, туку и за бејзбол светот“, напиша 29-годишниот Јапонец.
Охтани, кој никогаш не се појавил во натпревар од плејофот во МЛБ, му се придружува на тимот на Доџерс кој има три сезони кои завршија со неуспех после сезоната, откако триумфираа во Светската серија 2020 година.
Охтани, кој подеднакво добро фрла и погодува и често го споредуваат со легендарната ѕвезда Бејб Рут, минатиот месец беше прогласен за најкорисен играч во американската лига и покрај повредите кои ја завршија неговата сезона во 2023 година. Тој е првиот играч кој едногласно ја освои наградата двапати, а исто така му припадна и во 2021 година.