Бебето родено во вторникот на Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, чија мајка е заразена со коронавирус, е негативно на резултатот за COVID-19, соопштија од ЈЗУ ГАК -Скопје.
„Во вторникот вечерта во ГАК беше породена 28-годишна пациентка, за која вчера стигна позитивен резулат од тестот за COVID-19. Пациентката немаше симптоми за коронавирус, беше породена спонтано, но затоа што е од кумановскиот регион, со неа уште од самиот прием на клиниката се постапуваше како со пациентка од ризично подрачје и по сите протоколи, и беше земен брис за COVID-19. Брис од бебето беше земен откако пристигна позитивен резулатат за COVID-19 кај неговата мајка, информираа од ГАК-Скопје.
Воедно од таму информираат дека вчера и мајката и бебето биле отпуштени од клиниката во добра здравствена состојба.