Тешко повреден работник во Пробиштип

работното место.

Полицијата соопшти дека вчера во 16.20 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 15:20 часот во Итна медицинска помош во Пробиштип бил донесен Ј.А.(61) од Пробиштип, кој се здобил со повреда при работа во фабрика во Пробиштип.

Повредениот бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Пробиштип.