Кривична пријава за „Топлификација“ за штета на Македонија од 10 милиони евра

„Балкан Енерџи груп“, БЕГ АД Скопје информира дека во октомври 2018 година поднесе кривична пријава против Топлификација АД и нејзината фирма ќерка Дистрибуција на топлина ДООЕЛ за нанесување штета на имот на Република Северна Македонија во износ од околу 10 милиони евра.
Согласно Договорот за користење на дистрибутивната мрежа, склучен во 2000 година помеѓу Топлификација АД и Агенцијата за приватизација на Р.М, Топлификација а подоцна и Дистрибуција на топлина ДООЕЛ биле должни средствата пресметани од амортизација на топлинската мрежа, во периодот од 1999 до 2013 година, да ги употребат за инвестиционо одржување и проширување на топлинската мрежа, а средствата кои немало да бидат потрошени за оваа намена требало да
бидат дадени на располагање на Агенцијата за приватизација, сега АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје (АДСДП).
„Меѓутоа, Топлификација АД, а подоцна и Дистибуција на топлина ДООЕЛ, пресметаните и наплатени од потрошувачите на централно греење, средства од амортизацијата на топловодната мрежа не ги вложиле во инвестиционо одржување и проширување на мрежата, не ги ставил е на располагање средствата кои не се потрошени за оваа намена на Агенцијата за приватизација односно на АДСДП, со што и нанеле штета на Република Северна Македонија во износ од околу 10 милиони евра.“, се вели во соопштението на БЕГ.
„Ги повикуваме истражните органи, Финансова полиција како и Основното јавно обвинителство во најбрз можен рок да ги превземат сите неопходни дејствија со цел да се надоместат штетите. Исто така ги повикуваме и охрабруваме истражните органи да испитаат дали инвестицијата на Топлификација АД во компанијата ТЕ-ТО АД е извршена со приноси од казниво дело нанесување штета на имотот на Република Северна Македонија, преку неинвестирање во топловодната дистрибутивна мрежа.
БЕГ АД Скопје“, стои во соопштението.