Бегалците пристигнуваат во земјите на ЕУ додека борбите во Украина се интензивираат

Бегалците кои бегаат од борбените дејствија во Украина и во саботата во големи бројки се движат кон нејзините западни граници, а во поселднтие два дена до границата со Полска, каде најдоа привремено засолниште во спортските сали и на железничките станици стасале околу 100.00.

Додека трет ден продолжуваат нападите на руските сили со коорнинарни напади со крстосувачки проектили и артилерија врз позициите на украинската војска, вклучително и во околината на главниот град Киев, границите на Европската унија се преполни со уплашени семејства кои се надеваат дека ќе успеат да влезат во Полска, Словачка, Романија и Унгарија/.

Во унгарскиот пограничен град Берегсурањи 69-годишната Илона Варга, етничка Унгарка од Украина, пешки влегла во Европската унија, оставајќи ги зад себе домот, продавницата и надежите дека наскоро може да се врати таму.

„Децатѕе ми велат трајно да се иселам во Унгарија и во право се. Но многу е тешко да се остави сѐ зад себе, таму сум родена, тами растевр, имам своја работа, сѐ ме врзува за таа земја“, изјавила за Reuters.

Од почетокот на руската воена операција во четвртокот, во Полска од Украина влегле околу 100.000 лица. Меѓу нив и 9.000 Украинци кои таму стасале во саботата од 7 часот утророт, изјави заменикот на полскиот министер за внатрешни работи Павел Шефернакер.

„Од 7 часот украинската страна затвори дела од лентите за втомобили и овозможи движење за пешаци. Редот на икраинската страна би требало да се намали“, додаде.

Полска, во која живее најголмета украинска заедница во регионот на ЕУ со околу милион лица, на своите граници од почетокот на руската операција дочекува многу бегалци.

„Стасав тука утрово во 3 часот. Ја чекам сопругата. Ми се јави од украинската страна. Вели дека таму чека во 39 километри долга колона од автомобили и луѓе, како и дека не знае кога ќе дојде до границата и ќе ја мине“, изјавил за Reuters 25-одишниот Тарас.

Чешката железница во саботата утрото испратија специјални возови со Украинаци кои живеат во Чешка на полската гранциа. Таму ќе ги дочекаат членовите на своите семејства кои побегнале пред војната.

Во слоачкиот пограничен град Убла властите бегалците од Украина ја сместиле во зградата на локалната гимназија. Во спортската сала поставиле полски кревети и воздушни мадраци. Волонтери на пристигнатите им делат сендвичи, а многу малите деца ги забавувале со играчки.

„До границата стасавем со такси. Одиме во Прага, на сигурно, каде што ќе се сретнеме со мојат сопруиг“, изјавила Мирослава Крацковска, сместрена во прифатен центар.

Два автобуса со етнички Бугари од Одеса, од кои повеќе десетици веќе се иселија по превратот во Украина во 2014 година, рано утрото пристигнаа во Бугарија, а третиот е на пат. Бугарија во Киев испрати уште четири автобуси за да евакуира припадници на своето малцинство во Украина, коешто сега ја сочинуваат 250.000 луѓе.

„Два дена седевме на коферите и се криевме во бањата. Беше страшно…, гранатирање, надлетување на авиони….“, изјави Бугарката Тања Митова за бугарсктата националан БНТ веднаш по пристигнувањето во североисточното село Диранкулак, близу границата со Романија.