Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајцата обвинети во случаи на Специјалното јавно обвинителство, од утринава се наоѓаат во скопскиот Истражен затвор, повтрдија за НетПрес од Министерството за внатрешни работи.
На двајцата им е определена мерка притвор од 30 дена, со образложение дека постои можност за бегство.
Јанакиески и Божиновски се под истрага за случајот „Талир“, а се обвинети и во неколку други случаи за кои се водат судски процеси меѓу кои и „Титаник“ за којшто денеска е закажано рочиште во 9.30 часот.
Синоќа Јанакиески на социјалните мрежи го осуди бегството на Никола Груевски, бидејќи тоа ќе им наштети на другите обвинети во случаите на СЈО.