Победничкиот пехар, наменет за подобриот во финалниот натпревар од годинашното издание на Купот на Шпанија, сосема заслужено заврши кај фудбалерите на Реал (М).Финалниот помеѓу вечните ривали, Реал (М) и Барселона, одигран на “Местаља” во Валенсија, заврши со минимален триумф на “кралскиот клуб”.
Гостинот од Мадрид дојде во водство со погодокот на аргентиснкиот интернационалец, а на 1:1 израмни малдиот дефанзивец на Барса, Марк Бартра.
Решавачкиот погодок на натпреварот, постигнат во 85 минута беше ремек-дело на најскапо купениот фудбалер на денешницата, велшкиот интернационалец Герет Бејл.
„Заслужено славевме во ова натпреварување. Контра-нападите се покажаа како главно оружје. Одигравме како што треба, фудбалерите дадоа се од себе и се најзаслужни за новиот историски успех. Повредата на Роналдо делуваше екстра мотивирачки. Барселона се победува само со тимска игра, а ние функциониравме како една целина целиот натпревар, изјави по средбата предводникот на Реал (М), Карло Анчелоти.