Бејли ги теши Зоран Заев и СДСМ по шлаканицата од Европскиот совет

Џес бејли Зоран Заев

Амбасадорот на САД во Македонија, Џес Бејли, упорно ја игнорира неутралноста која мора да применува како дипломат и да не се меша во внатрешните работи на државата каде е на служба, и по кој знае кој пат повоторно отворено завзема страна во политичката криза во земјава, за која многумина сметаат дека токму тој е нејзиниот архитект.

Имено, денеска по одбележувањето на Денот на НАТО во Скопје, амбасадорот Џес Бејли го повтори само ставот на СДСМ, во врска со политичката криза, односно дека очекува брзо избирање претседател на Собранието и брзо формирање на влада која ќе биде посветена на реформската агенда и интеграција на земјата во ЕУ и НАТО.

Имаше избори во декември, за кои се оцени дека се кредибилни. Пратениците седнаа во Собранието, беше декларирано собраниско мнозинство и мислиме дека не е во согласност со демократските принципи и со Уставот да не се дозволи да продолжи процесот на формирање на владата. Секако, на крајот на краиштата, од политичките лидери и од граѓаните на Македонија ќе зависи како ќе одат напред, но ова е клучно за македонската интеграција во НАТО и во Европската Унија, како што кажа вчера претседателот на Европскиот совет, изјави Бејли.

Тој, одговарајќи на новинарско прашање, истакна дека не може да шпекулира за следните чекори доколку не се формира влада набргу.

На крајот на краиштата, зависи од вашите институции и од вашите лидери и од вашиот народ да дојдат до разрешница. Ние го помагавме дијалогот во договорите во Пржино, но на крајот на краиштата вашите институции се местото каде што ова треба да се разреши. Имате Собрание и таму може да се дискутира за сите прашање. Но, важно е да одиме напред со формирање на владата. Ако не одиме напред, тоа ќе значи одложувања на одлуки, можеби нереализирање на проекти, и на крајот граѓаните ќе мора да одлучат дали сакаат нивното Собрание и политички лидери така да постапуваат, рече Бејли.

Ваквите јавно искажани „неутрални“ ставови на амбасадорот на САД во Македонија доаѓаат експресно брзо, поточно само еден ден по студениот туш кој Зоран Заев и СДСМ го добија од претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, кој пак во вчера допатува во земјава на средба со претседателот Ѓеорге Иванов. Очигледно изјавите на Бејли треба да бидат сфатени како утеха за Зоран Заев и СДСМ, по нивното очигледно разочарување од изјавите на Туск.

Инаку како што е веќе познато, по средбата со Иванов, Туск воопшто и не спомена во своето обраќање до јавноста за мандатот за нова влада.

Претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, вчера за време на својата посета на земјава, порача дека Македонија и натаму има евроатлантска иднина, но оти мора сама да ја реши политичката криза. Најголем дел од својот говор, како и неговиот домаќин, претседателот Ѓеорге Иванов, Туск посвети на проблемот со мигрантите, изразувајќи благодарност што Македонија успешно ја затворила т.н. Западнобалканска рута за влез на бегалци.

Оваа продолжена криза го забавува напредување на вашата земја кон ЕУ. На вас останува да го пронајдете решението за излез од кризата, кое ќе се темели на демократските процеси, парламентарната демократија и на здрав разум. Кога ќе го сторите тоа, ние сме тука да ви понудиме помош за реформските процеси кон ЕУ, изјави Туск по средбата со Иванов.

Тој дополни дека изразува разбирање за позицијата на претседателот на Македонија.

Ѓорге Иванов, пак, како и досега, не отстапува од својата позицијата – нема да го додели мандатот на новото парламентарно мнозинство, се’ додека не бидат исполнети условите. Ова тој вчера го кажа и пред првиот човек на Европскиот совет со кого имаше официјална средба. Објаснувањето на Иванов пред Доналд Туск било дека, како што ја нарече, уценета влада, нема долгорочна стабилност и има краток рок на траење. Тој ги повика политичките лидери да ги спроведуваат итните реформски приоритети, а не, како што рече, да имплементираат платформи пишувани во други држави со кои, според него, се нарушуваат доборососедски односи, се бара промена на Уставот, се зголемуваат меѓуетнички тензии.

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, пак, вчера пред средбата на Доналд Туск со претседателот Иванов, изјави дека очекува прецизни укажувања од пријателска Европа, односно од средбата на претседателот на Европскиот совет за излез од политичката криза во Македонија.

Секако ќе ги слушнеме изјавите на Туск после средбата со Иванов. Верувам дека тоа ќе биде во исти дух и во иста конотација како што слушаме од целиот демократски свет, сите овие денови и месеци наназад, а тоа е мирен и брз трансфер на власта, промена на власта, почитување на Уставот и параламетарното мнозинство, рече Заев по вчерашоното повторно одложувањето на рочиштето за случајот „Поткуп“, во кое тој е првообвинет.

Очигледно очекувањата на Зоран Заев и СДСМ дека Доналд Туск ќе испорача порака до Иванов од ЕУ, по теркот на оние на Федерика Могерини и на Јоханес Хан, не се исполнија, па така изјавата на Џес Бејли им доаѓа како утеха.