Бекот на Барса Жерар Пике итно хоспитализиран

© AP Photo / Manu Fernandez

Фудбалерот на каталонскиот гигант Барселона, Жерар Пике, е итно хоспитализиран со вирус на стомачен грип, објави во саботата ноќта електронскиот издание на тиражниот шпански спортски дневен весник AS.

Фудбалерот бил пренесен во болница поради чувство на изнемоштеност. Според резултатот од итните наоди лекарите кај Пике дијагностицирале стомачен грип.

Весникот известува дека Пике сигурно ќе го пропушти неделниот натпревар во рамките на шпанскиот шампионат против Лас Палмас.

Барселона е на првото место на табелата во Примера со 84 бодови, колку што има и вториот Реал Мадрид, но кој има и меч помалку. За титулата ќе се решава, најверојатно, во последното коло.