Министерството за економија целосно стои зад Одлуката за намалување на цените на основните прехранбени производи која ја донесовме пред две недели. Најмалку до 30 ноември, до кога е на важност оваа одлука, отстапување од нејзе нема да има. Сите производи кои се опфатени во Одлуката за намалување на цените на Министерството за економија ќе останат со даночна стапка од 5 проценти, напиша на својот фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.
„ Доколку во има техничка грешка во листата на производи опфатени со Одлуката на Министерството за финансии за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена стапка на ДДВ, тоа ќе биде корегирано на следната седница на Владата“, напиша министерот Бектеши и ги повика граѓаните да бидат спокојни.
Бектеши потенцира граѓаните да бидат спокојни. -Мерките кои ги носиме за заштита на стандардот на граѓаните даваат резултати. Цените на основните прехранбени производи можат само дополнително да се намалат, но не и да се зголемат, пишува тој.