„Бел штрајк“  на полицијата во Словенија, пишуваат само мали казни

Полицајците во Словенија од денеска штрајкуваат со пишување мали казни за прекршоци што не загрозуваат јавна безбедност бидјеќи Владата не исполнува нивни барања за зголемување плати и подобрување на условите за работа.

Тој протест е наречен „бел штрајк“ и според полицискиот синдикат тој потег нема да ја загрози безбедноста на државните граници.

За време на штрајкот полицијата ќе интервенира за потребите на државата и граѓаните.

Според словенечки медиуми, со помалите казни полицајците намалуваат приходи во државниот буџет. Новиот министер за внатрешни работи Боштјан Поклукар најави дека е подготвен да разговара со претставници на полицискиот синдикат за нивните барања.