Белата куќа најави во средата нов пакет воена помош за Украина, кој содржи системи за противвоздушна одбрана, муниција и друга воена опрема во износ до 300 милиони долари.
Најновиот пакет воена помош е 39-то со ред повлекување на оружје и опрема од залихите на американското Министерство за одбрана и содржи батерии за противвоздушна одбрана „Patriot“, противавионски мобилни ракетни системи „Stinger“, тенковска муниција и друга опрема, објави Пентагон.
Соединетите држави, само од доаѓањето на власт на администрацијата на претседателот Џо Бајден во 2020 година испорачале воена помош за Украина од повеќе од 38,3 милијарди долари, од кои 37,6 милијарди долари од почетокот на руската инвазија од крајот на февруари минатата 2022 година. Нема прецизни податоци за испораките и помошта кои Вашингтон им ги дал на украинските власти по превратот во Киев во март 2014 година