Портпаролката не Белата куќа, Стефани Гришам, го оцени извештајот од понеделникот на Надзорното тело на министерството за правосудство на САД како „шокантно“ и изјави дека Бирото „излегло вон контрола“ во времето на администрацијата на претходниот претседател демократот Барак Обама.
Главниот инспектор Мајкл Хоровиц во извештајот објавен претходно во понеделникот истакна дека објави дека се откриени многу грешки, иако не и докази за политичка пристрасност во истрагата на Федералното биро за истраги (FBI) за наводните контакти на претседателската кампања на Доналд Трамп и Русија во 2016 година.
Хоровиц утврдил дека FBI имал втемелена правна причина да побара судска дозвола да започне надозр над Картер Пејџ, советник во кампањата на Трамп. Меѓутоа Хоровиц нашол вкупно 17 темелни грешки и пропусти во оригиналното барање и во сите следни обновувања на барањата упатен на Судот за странски разузнавачки надзор (FISA). Тие грешки направиле случајот да изгледа посилен отколку што бил, тврди Хоровиц.
„Шокантниот извештај на главниот инспектор на министерството за правда покажува дека FBI било надвор од контрола во времето на претседателот Обама и поранешниот директор (на Бирото) Џејмс Коми.“, се наведува во писмената изјава на Гришам.
Според неа, основата за прислушувањето и надозрот на некои претставници на кампањата на Трамп за FBI било „лажното досие на Стил“ коешто билео „платено од Хилари Клинтон“.
Покрај тоа, од Белата куќа истакнуваат и дека „еден правник на FBI го изменил електронското писмо, во обид да го прошири прислушувањето на телефонските разговори (на членовите на претседателската кампања на Трамп)“.
„Американскиот народ треба да биде лут и исплашен од оваа злоупотреба на власта. Тоа не смее да продолжи да се случува со друг претседателски кандидат или со кој и да е Американец“, исканува Гришам.
Хоровиц, покрај другото, не нашол и докази дека FBI инфилтрирала свои агенти во штабот на Трамп, како што порано обвинуваше претседателот. Сепак, Бирото користелот „доверливи извори“ за да добијат информации за членовите на кампањата Картер Пејџ и Џорџ Пападопулос, се додава во извештајот на главниот инспектор.
Се истакнува и дека FBI му понудилот на авторот на скандалозното „досие за руските врски“ на Трамп, поранешниот британски разизнавач Кристофер Стил да се ангажира како „доверлив извор“, иако тој го негираше и претходно ваквиот навод. Истовремено, Хоровиц смета дека наводните компромитирачки материјали од споменатото досие за Трамп, самите посебе не биле доволна причина за да се започне истрагата.
Истрагата беше покрената на основа на ткн Стилово досие, кое го нарачала кампањата на неговата тогашна демократска противкандидатка Хилари Клинтон и Демократскиот национален комитет (DNC), во настојувањата да дојдат до компромитирачки материјали и во кои поранешниот британски шпион Кристофер Стил изнел обвинувања за престојот на Трамп порано во Москва и за наводна поврзаност на неговата кампања со Русија, кои подоцна беа раскринкани како лаги.
Таканаречената „Руска истрага“ ја водеше специјалниот обвинител Роберт Мјулер откако во 2017 година беше сменет тогашниот челник на Федралното биро за истраги (FBI), Џејмс Коми, поради неподнигнување на обвинение со политичка заднина во случајот на користењето на приватен сервер и приватна електронска пошта од страна на Хилари Клинтон за официјални доверливи дипломатски преписки во периодот кога беше државна секретарка, а што е спротивно на американските закони. Истрагата на Мјулер неволно заклучи дека немало договор меѓу Русија и кампањата на Трамп, но специјалниот обвинител се обиде без докази во својот извештај да ја увери јавноста дека Москва сепак се мешала во американските избори во полза на републиканскиот претседател.