Белата куќа порача дека САД сериозно ги земаат извештаите за упадите на НЛО

Американските власти многу сериозно ги сфаќаат извештаите за упадите во својот воздушен простор на неидентификувани летачки објекти (НЛО) и внимателно го истражуваат секој таков случај, изјави на редовниот брифинг за новинарите во вторникот портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

„Ние сме многу сериозни во врска со извештаите за упад во нашиот воздушен простор на кој и да е летачки уред, и идентификуван и неидентификуван, и ние го истражуваме секој од нив“, рече Псаки.

Портпаролката на Белата куќа беше запрашана дали американските власти се подготвени да објават целосен извештај за наводните појави на НЛО, кој го подготуваат кабинетот на директорот на американското Национално разузнавање и Пентагон.

Изработката на овој извештај, кој треба да го одразува сето она што американските власти го знаат за неидентификуваните летачки објекти, беше предвидена со буџетот усвоен кон крајот на декември минатата 2020 година а за фискалната 2021 година, во вкупен избост до 2,3 трилиони долари. Предлог-законот беше подготвен во време на администрацијата на поранешниот републикански претседател Доналд Трамп, заедно со пакетот мерки за стимулирање на економијата по ковид-кризата кој го содржеше и ова необично барање.

Псаки во вторникот потврди дека актуелниот демократски претседател Џо Бајден го поддржува изготвување на овој извештај.

„Се разбира, претседателот го поддржива кабинетот на директорот на Националното разузнавање во изготвувањето на извештајот и исполнувањето на тие обврски“, рече портпаролката на Белата куќа.

Притоа Псаки истакна дека кабинетот на директорот на Националното разузнавање самиот ќе одлучи за тоа во кој обем содржината од извештајот јавно ќе биде објавена.

Нагласи и дека америакнските власти „не дискутираат јавно од повеќе причини“ за тоа каква закана може да претставуваат наводните упади на НЛО над Соединетите држави.

Поранешниот американски претседател Барак Обама,чиј потпретседател во двата мандата беше Џо Бајден, за телевизиската мрежа CBS News неодамна потврди декаа американските власти поседуваат снимки од воздушни феномени чијашто природа, според него, сѐ уште останува непозната. Сепак, тој ги отфрли преовладувачките тврдења дека владите на САД „чуваат вонземјани и (нивните вселенски) бродови“ во некоја тајна лабораторија.

Кон крајот на 2017 година беше потврдено дека во Пентагон претходно била водена класифцирана програма за собирање и анализа на податоци за „аномални воздушновселенски закани“. Во периодот од 2007 до 2012 година биле издвоени 22 милиони долари, и првично одговорно за оваа програма било американското министерство за одбрана.

Програмата ја водел американскио воен разузнавач Луис Елисондо, кој поднесе оставка во 2017-та. Како што тогаш објави, причината за таквиот негов чекор била „недоволно сериозниот однос кон неговата работа“, од страна на тогашните челници на Пентагон.

Откако во медиумите се појавја информациите за постоење на оваа програма, америанските сили објавија серија видео материјали кои ги доловуваат контактите на американските воени пилоти со фебомени односно претпоставени НЛО. Од своја страна, пак, надлежните комитети на американскиот Конгрес соопштија дека спроведувањето на програма не донело до никакви сензационални податоци.