Претставници на Белата куќа и на американското министерство за одбрана не ја појаснуваат во петокот изјавата на претседателот Доналд Трамп за можното скорешно повлекување на американските сили од Сирија.
„Зборовите на претседателот говорат самите за себе“, изјави во петокот неименуван член на Советот за национална безбедност при Белата куќа.
Од министерството за одбрана на САД, пак, изјавиле дека задачите на американските војски во Сирија остануваат исти и натаму.
„Нашата мисија за уништување на Исламската држава не е променета. За дополнителни коментари во врска со изјавите на претседателот препорачуваме да се обратите во Белата куќа“, изјавиле за руската агенција ТАСС претставници на Пентагон.
Двајца неименувани високи функционери на американската влада, пак, во петокот за Reuters изјавил дека претседателот Трамп им порачал на своите советници дека сака што поскоро повлекување на американската војска од Сирија. Истакнале дека говорот на Трамп е рефлексија од разговорите со неговите советници. Тој, имено го поставува прашањето зошто американските сили би требало да останат во Сирија, сега која милитантите се речиси пред целосен пораз.
Американскиот претседател Доналд Трамп говорејќи во четвртокот на собир во Ричфилд, во сојузната држава Охајо, изјави дека САД во моментов „го гонат духот на Исламската држава во Сирија“ и оти врз основа на победата врз оваа џихадистичка групација може да заминат од таму „многу скоро“, овозможувајќи на „други луѓе да се позанимаваат“ со ситуација во оваа земја. „Многу брзо ние си заминуваме… Ќе ја вратиме нашата држава каде и припаѓање, каде што сакаме да бидеме“, додаде американскиот челник.
Оваа изјава е сосема спротивна од претходната позиција на американската администрација и предизвика недоумици. Се очекува, исто така, дека таа може да предизвика негативни реакции кај многу други американски функционери.
Трамп., кој ги минува велигденските празници во Палм Бич на Флорида, ја откри всушност својата желба да ги повлече американските сили од Сирија и да ја предаде безбедноста во оваа земја во раце на регионалните држави.