Белели – Попоски: ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан

По повод Националниот ден на Италијанската Република, во пресрет на претстојното Италијанско  претседавање со Европската Унија  во Министерството за надворешни работи на Република Македонија се одржа свечен прием на кој домаќини беа Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски и Амбасадорот на Италија  во Република Македонија, Ернесто Масимино Белели.

На приемот приствуваа бројни гости, претставници на дипломатскиот кор како и Претседателот Ѓорѓе Иванов и Министерката за култура, Елизабета Канчевска.

Во  воведните обраќања, Министерот Попоски и Амбасадорот Белели констатираа дека ЕУ не е целосна без земјите од Западен Балкан.