Белгиската фудбалска унија најави дека ќе инвестира три милиони евра за поттикнување и развивање на женскиот фудбал, во следните две сезони.
Инвестицијата ја најави претседателот на Белгиската фудбалска унија, Петер Босарт за време на Самитот на женскиот фудбал, што се одржува денеска во Брисел.
– Женскиот фудбал е во добра состојба, но во нашата земја му е потребен нов елан, изјави Босарт.
Во Белгија во моментот има околу четириесет илјади жени фудбалерки, а Белгиската фудбалска унија го стимулира преку нова програма наречена „Светот е под нашите нозе“ (The world is at our feet).