Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, нема да го игра натпреварот во четвртокот од Лигата на нациите во кој неговата национална репрезентација ќе се соочи со Исланд, објави Белгиската фудбалска федерација RBFA.
Лукаку во неделниот пораз во градското дерби (1:3) влезе како замена, но ги пропушти претходните два меча на Манчестер Јунајтед против Борнмут и Јувентус поради истата повреда.
Лукаку нема постигнато гол за Јунајтед веќе десет натпревари, но беше стрелец за Белгија против Швајцарија во дуелот игран исто така во рамките на Лигата на нациите во октомври.
Белгија ќе го пречека Исланд на стадионот „Крал Бодуен“ во Брисел во четвртокот, а во недела ќе и’ гостува на Швајцарија.