Белгиската полиција ќе „патролира“ на интернет исто како во реалноста

јамбон

Тој најави дека во текот на наредната недела ќе биде зголемен бројот на  полицајци, кои се занимаваат со следење на случувањата на глобалната мрежата.

За таа цел е формирана посебна полициска екипа која ги следи активностите на екстремистите и можните терористи на социјалните мрежи.

Како што јави БТА, досега биле откриени над 400 опасни профили на социјалните мрежи, чии сопственици се педофили или лица кои повикуваат на насилство.

Најавата на Јамбон за проширување на надлежностите на полицијата со истражување на интернет доаѓа по убиството на Белгиецот со турско потекло, кој беше една од жртвите на нападот што се случи на новогодишната ноќ во Истанбул.

Белгиските медиуми јавија и дека на ниво на ЕУ исто така, ќе биде создадена полициска екипа која ќе ги следи случувањата на интерент.