Белград се дистанцира од Милорад Додик

Односите на Србија со Република Српска, се набљудуваат од Германија, која го презеде решавање на отворените прашања во Западен Балкан, изјавиле неименувани дипломатски извори, цитирани од српскиот весник „Данас“.

Повод за реакцијата била изјавата на претседателот на Република Српска, Милорад Додик, кој изјавил дека „Србија нема да ја предаде Република Српска и покрај притисокот на Германија“.

Според изворите на весникот, во Берлин, но и меѓу земјите членки на Европската унија, има такви кои сметаат дека односите на Белград со Бања Лука треба да бидат дел од условите за напредок на Србија во евроинтеграциите.