Разрешениот економскиот директор на Клиниката за Гинекологија и акушерство, Ваљон Беља, преку социалните мрежи повторно му се обрати на премиерот Зоран Заев.
„Ако за една недела ви умираат 6 (шест) новородени бебиња, и вие го толкувате како “тропање глупости” тогаш дефинитивно имате проблем со вашата човечност. Жалам многу што родителите на овие новороденчиња и на покојните пред нив мораа да слушат ваков вокабулар на еден Премиер. Во другите држави се оди во затвор за вакви случаеви но не и кај нас. Па уште да спомнувате позиции…“, напиша Беља.