Белорусија објави во понеделникот дека повлекувањето на руските сили од нејзината територија главно ќе зависи од повлекувањето на единиците на НАТО распоредени од минатата година во близина на нејзината и на руската територија.
Русија во Белорусија испрати на зеднички маневри големи единици, а НАТО тврди дека станува збор за најголема бројка војници од крајот на Студената војна, на воени вежби кои започнаа на 10-ти февруари.
Воените вежби завршија во неделата но продолжија со увежбување на стратешките нуклеарни сили, а Минск најави дека руските единици ќе останат на белоруска територија, наведувајќи ги како причина воените активности во близина на Белорусија и Русија.
Белпоруското министерство за одбрана во понеделникот соопшти дека руските сили ќе се вратат во своите постојани бази „дури откако за тоа ќе се појави објективна потреба и кога ќе биде донесена таквата одлука“.
„Во голема мерка тоа ќе зависи од нашите западни колеги. Силите и вооружувањето на истокот на Европа, вклучително и во близината на Белорусија, еден се од факторите кои влијаат вез развојот на ситуцијата“, ијзави министерот за обрана, Витор Гулевич.
Тој смета дека Минск има право да побара повлекување на американските и НАТО трупите од близина на белоруските граници. Белоруското министерство за одбрана во неделата објави дека Минск и Москва не сакаат војна.
„Меѓутоа, тие нѐ не слушаат или не сакаат да нѐ слушнат. Затоа е создадени релевантна воена сила којашто ќе го одбие агресорот дококу тоа биде потребно“, го цитира Гулевич белоруската новинска агенција Белта.