Белоруското разузнавање Комитетот за државна безбедност (КГБ) е свесен дека терористичките ќелии се обучуваат на полска територија со поддршка на полската единица за специјални сили „Гром“, изјави во средата шефот на истражниот оддел на КГБ, Константин Бичек, во истражувачкиот филм „Демони“, прикажан на ТВ каналот ОНТ.
„Комитетот доби веродостојни информации дека некои од членовите на овие формации минуваат низ обука на територијата на Република Полска со директно учество на специјалните сили Гром. Полските власти беа информирани за ова преку борбата против меѓународниот тероризам, но како одговор на ова, за жал, мерките на тајност од страна на учесниците во овие терористички ќелии само се интензивираа“, истакна Бичек.
Конкретно, појасни Бичек, „полските власти препорачаа тие (членовите на терористичките ќелии) да се легализираат под маската на клубовите пејнбол, а исто така да го ограничат ширењето на пропагандните информации во јавниот домен.
Како што изјави шефот на истражниот оддел на КГБ, „Комитетот ги анализираше и ги сумираше сите податоци што укажуваат на терористичка активност, како резултат на што Врховниот суд одлучи да ги признае овие ќелии како терористичка организација“. „Во овој поглед, поединечните владини агенции на Република Полска, како и Литванија, треба да обрнат внимание на фактот дека нивните активности може да се оквалификуваат како промовирање тероризам“, истакна претставник на белоруското разузнавање.
Планот на екстремната десничкарска опозиција поддржана од западните покровители да заземат територија на Белорусија вклучува упади на вооружени групи од Полска, Литванија и Украина во југозападните региони на републиката, објави белоруската телевизја ОНТ повикувајќи се на сознанија на националното разузнавање.
Во средата вечерта, телевизијата го емитуваше филмот „Демони: Како сакаат да ја заземат Белорусија“, направен врз основа на сопствено истражување во земјата и странство.
„Во активната фаза – на зелено светло дадено во одреден момент, борци на БДК (Белоруски доброволечки корпус, кои учествуваат во војната Украина на страната на украинските вооружени сили), други формации и нивните предводници од Полска и Литванија ја преминуваат границата“, се вели во филмот.
Се појаснува дека западните земји планирал окупирање на четири територии на југозападот од Белорусија во стратешкиот регион на границите на Белорусија, Украина и Полска. Станува збор за регионот Кобрин и Полесие.
Според извештајот на телевизијата, во исто време ќе почнат да се активираат ќелиите на западната агентура во земјата. Се наведува дека полските специјални служби тренираат милитанти од белоруската опозиција. Според приказната прикажана на телевизијата, „официјална Варшава сè уште ја гледа Белорусија како своја земја“.
„Странските разузнавачки служби го користат духот на бегалците (опозицијата што ја напушти Белорусија) и активно создаваат единции. Инструкторите, странски платеници, ги обучуваат, вооружуваат и опремуваат. Целосна борбена обука, сѐ е создадено за услови за тренирање“, се вели во филмот.
Според извештајот, во Полска со овие диверзантски групации се занимава извесни движење „Паспалитае рушане“, која во Белорусија е означена како екстремистичка група. Истовремено, формирани се бази и кампови за обука во Вроцлав, Варшава, Бјалисток, Гдањск, Лоѓ, Краков и Познан.
„Врз основа на планот на Западот, првите што ќе извршат инвазија ќе бидат вооружени националисти, напумпани со алкохол и дрога и подготвени да убиваат. Ќе ги следат странски платеници… Кога ќе избувнат борбите, кога ќе бидат ангажирани силите на НАТО за ‘спасување на демократијата, правата и слободите’… Тоа е Третата светска војна“, се вели во прилогот.
Со тоа всушност се алудира на ажурираната руска нуклеарна доктрина, во која се истакнува дека стратешкото вооужување на одвраќање може да биде употребено доколку биде загрозен и интергритетот и безбедносна и на Белорусија.
Во филмот се забележано и дека опозицијата и нејзините странски покровители, кога се обидуваат да ја заземат Белорусија, сакаат да ја користат тактиката на украинските вооружени сили во руските региони Брјанск и Курск. Се обајснува дека станува збор за тактиката „удри и бегај“, но дека истовремено на западните планери не им е грижа колку цивили ќе загинат, бидејќи „милитантите се животни, ѕверови без принципи, нивната задача е да ги убиваат сите неселективно“.
Припадници на организација BYPOL, која Минск ја прогласи за терористичка, а блиска до белоруската опозиција, тренираат на полигони во Полска со цел да извршат воен удар во Белорусија, објави во подолга репортажа во февруари годинава белгискиот телевизиски канал VRT, повикувајќи се на лидерот на организацијата Александр Азаров.
Во февраури годинава белорускиот претседател Александр Лукашенко соопшти дека безбедносните служби на земјата која о 1990-те години има договор за ткн Сојузна држава со Русија упсиле диверзантска група на границата меѓу Белорусија и Украина која префрлувала експлозиви кои требало да бидат искористени за изведување саботажи и терористички акции на руска територија.
Белорусија во октомври 2022 година ја подигна борбената готовност на своите вооружени сили по разузнавачктие информации дека во соседните Украина, Полска и Литванија се подготвуваат групи од белоруски дисиденти и радикали воено да заземат регионален центар на белоруска територија и да испровоцираат бунт, поради што белоруските единици заедно со руските беа распоредени близу јужната граница меѓу Белорусија и Украина.