Белорусија воведува смртна казна за планирање атентат или „обид за терористички акт”

Белорусија воведува смртна казна за планирање атентат или „обид за терористички акт“, се наведува во денеска објавениот текст на законот, цитиран од руските медиуми.

Вакви обвинувања се упатени кон голем број активисти на локалната опозиција, меѓу кои и нејзината лидерка, Светлана Тихановскаја, која живее во егзил.

„Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко потпиша закон со кој се предвидува можност за смртно казнување при обидот за извршување терористички акт“, посочуваат медиумите.

Досега ризикуваа да бидат егзекутирани само оние кои навистина извршиле такво дело.