Бенјамин Нетанјаху обвинет за корупција

Израелски обвинител денеска официјално поднесе обвинение за корупција против премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Обвинението вклучува мито, кршење на довербата и измама.

Нетанјаху претходно негираше дека сторил казнено дело во три случаи на корупција, наведувајќи дека е жртва на политички „лов на вештерки“.

Тој нема законска обврска да поднесе оставка после обвинението.

Доколку биде осуден за примање мито му се заканува десетгодишна казна затвор и максимум три години затвор за измама и кршење на довербата.