![shakiri-700x401](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/shakiri-700x401.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Кандидатот за градоначалник на Скопје од ДОМ и ЛДП, Бени Шакири вчера гостуваше во дневникот на ТВ Сител и објасни, односно ја демантираше изјавата на Петре Шилегов дека тие се пријатели и дека всусшност Шилегов нема да ги добие неговите гласови во вториот круг.
„Актуелниот градоначалник Петре Шилегов веќе три ипол години е пасивен и сега прави офанзивна во последните месец дена. Од првиот ден треба да се засукаат ракавите, не постои проект на кој му требаат 10 и повеќе години. За помалите проекти не постои нешто што не може да се заврши од пола до една година. Јас сум само познаник со него, ние не сме пријатели и секако нема да ги добие моите гласови во вториот круг“, појасни Шакири за неговиот однос со сегашниот градоначалник во гостувањето на дневникот на ТВ Сител.