Предводникот на италијанскиот калчолигаш Наполи, Рафа Бенитез, без некоја посебна причина го пецна контроверзниот менаџер на лондонскиот премиерлигаш Чезли, Жозе Мурињо, со изјават дека Португалецот го има продадено најдобриот фудбалер во изминатите две сезони, шпанскиот интернационалец Хуан Мата.
Одличниот играч за врска за време на зимскиот преоден рок стана најскапа аквизиција во клупската историја на Манчестер Јунајтед, а од продажбата на Мата, Челзи заработи околу 37 мил. фунти.
“Јас не сум тука за да зборам за Челзи, но не можам да го игнорирам фактот дека Хуан беше најдобриот фудбалер на Чезли во изминатите две сезони. Тоа е факт и нема бегање од оваа констатација. На сите им е јасно, но јас не сум тука за да ја анализирам оваа ситуација, да анализирам зошто Чезли го продаде Мата и тоа на големиот ривал од англиската Премиер лига”, изјави трофејниот шпански стручњак.