Бензема го спаси Реал од нов срам, Барса во финишот го егзекутираше Атлетико

Во дербито од 31-то коло на шпанското фудбалско првенство, Барселона очекувано со многу напор го совлада Атлетико Мадрид, а двата гола Каталонците ги постигнаа во последните пет минути од мечот, по кој се чини е решен новиот шампион.

Барселона доминираше и се реши полека да го крши отпорот на незгодниот Атлетико, а особено по 28 минута кога гостите останаа со играч помалку, откако поради приговор и навреда беше исклучен Диего Коста.

И сѐ до 85 минута Атлетико беше во игра, во прв ред благодарејќи на словенечкиот голман Јан ОБлак кој забележа осум извонредни интервенции со кои ги спречи оапсните удари на Лионел Меси, Фелипе Кутињо и Луис Суарез. Меѓутоа, тогаш во интервал од две минути прими два гола, кога беше матиран. Прво Суарез во 85 минута со неверојатно ефе ја прати топката којашто го заобиколи Облак и крај левата статива заврши зад неговито грб. Две минути подоцна Меси реши сепак да го совлада голманот на Атлетики и иако имаше неколку соиграчи во подобри позиции го натера Облак на „погрешна нога“ и палсираше крај него.

Со оваа победа Барселона му побегна на Атлетико на 11 бодови разлика и практично го реши прашањето на првакот.

Фудбалерите на Реал Мадрид славеа во 31-то коло на шпанското фудбалско првенство во саботата со пресврет на својот „Сантијаго Бербабеу“ против Еибар со 2:1, а двата погодока за домашните ги постигна Карим Бензема. Еибар поведе преку Марк Кардона во 39 минута, а по катстрофалното прво полувреме и неколку контроверзни ситуации и поништен погодок, за „Кралевите“ стрелец беше Карим Бензема во 59 и 81 минута.

Реал Мадрид и натаму е трет со 60 бодови, еинаесет помалку од лидерот Барслеона и три бода помалку од вториот Атлетико кои имаат и меч помалку, а 13 повеќе од четвропласираниот Хетафе. Еибар моментално е 11-ти со 39 бодови, колку што има и Леганес кој има меч помалку.

Еспањол со 2:1 ја победи Жирона. Гостите поведоа преку Серхи Дардер во 59 минута, домашните израмнија од пенал во 80 минута преку Кристијан Стуани, но во последната минута од регуларниот дел победата на гостите им ја донесе автоголот на Јасин Буну. Еспањол е 13-ти со 38 бодови. Жирона, пак, е 14-та со 34 бодови, пет повеќе од Селта која е на 18-то место кое води во понизок ранг.

Рајо Ваљекано со 2:0 ја совлада Валенсија, со головите на Раул Де Томас во 32 и Марио Суарез во првата минута од петминутното судиско продолжение. Рајо и натаму е претпоследен 19-ти сега со 27 бодови, три помалку од Виљареал кој е 17-ти со меч помалку на местото кое е последното кое осигурува опстанок во Ла Лига.

Во недела на распоредот се дуелите Алавес – Леганес, Хетафе – Атлетико Билбао, Вајадолид – Севилја, Селта Виго – Реал Сосиедад, Леванте – Хуеска и Реал Бетис – Виљареал.