![](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2019/01/35f0d8520e70ec140679936707bee545.jpg?resize=649%2C365&ssl=1)
Напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема, бил снимен како го вози својот автомобил со повредена рака и скршен прст по натпреварот против Реал Бетис.
Сообраќајните прописи забрануваат возење со една рака, што значи нова парична казна и отстранување на бодови од возачката дозвола на францускиот фудбалер.
Ова е најновиот прекршок на Бензема зад воланот. Често добива казна за брзо возење и разговор на неговиот мобилен телефон.
Сега на Бензема му се заканува парична казна од 150-300 евра, а ќе му бидат одземени 6 поени од возачката дозвола.
Французинот ќе мора да се појави во судот во февруари кога ќе се решава неговиот случај.