Фудбалерот на Реал Мадрид и трансфер цел на Арсенал, Карим Бензема нема намера да ја напушти шпанската престолнина, изјави неговиот агент.
Иако Арсен Венгер претходно изјави дека нема никаков проблем да чека и до самиот крај на преодниот рок за да испрати понуда за францускиот напаѓач, сепак агентот на Бензема, Карим Џазири инсистира дека неговиот клиент „нема да мрдне“ од Сантијаго Бернабеу.
„Карим е многу среќен во Реал и тој ќе остане дел од тимот и по крајот на овој трансфер период, 1.000 %“, изјавил Џазири за Sky Sports.
И Манчестер Јунајтед покажа интерес за францускиот интернационалец, но Бензема е еден од омилените фудбалери на претседателот Флорентино Перез, што значи дека негово заминување од Реал е речиси невозможно.