Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок денеска изјави дека разговара со претставници на Египет и на Обединетите нации за обезбедување сигурни простори за цивилите во Газа кои израелската армија ги повика да се преселат на југ од енклавата пред копнената офанзива.
Бербок, по разговорите со израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен во јужниот израелски град Нетивот, рече дека капацитетите во јужна Газа се веќе преоптоварени и дека затоа разговара со претставници на ОН, Египет и други актери.
Таа истакна дека е во Израел и дека ќе разговара со членовите на семејствата на германските граѓани кои Хамас ги држи како заложници и со сите други инволвирани страни за да се обезбеди нивното ослободување.