Близок извор до таборот на италијанскиот калчо гигант Милан потврди дека сопственикот на „росонерите”, Силвио Берлускони е многу тажен поради моменталната позиција на табелата.
„Милан на најлош можен начин ја заврши 2013 година. Загуби од Интер, моментално е на 13 позиција на табелата, има пет бода повеќе од последниот тим кој е во зоната за испаѓање, има 27 бода помалку од лидерот на табелата Јувентус, 17 побалку од Наполи кој е на третата позиција, последната која води во Лигата на шампиони и има 12 бода помалку од градскиот ривал Интер. Разговарав со сопственикот Силвио Берлускони. Ми призна дека е многу тажен, но додаде дека очекува многу подобри резултати во 2014 година”, изјави анонимниот извор.