Свет

Берлускони во болница

Берлускони во болница

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони е примен во болница во Милано поради воспаление на коленото, јавува денеска АП.

Седумдесет и седумгодишниот Берлускони е во болницата Сан Рафел каде што лани беше лекуван поради воспаление на окото.

Минатата година, Берлускони остана без место во италијанскиот Сенат бидејќи беше осуден за затајување на данок, но и понатаму е влијателна политичка личност, како лидер на партијата Форца Италија.

Четиригодишната казна на Берлускони е намалена на една година. Судот во Милано треба следната недела да одреди дали Берлускони ќе биде во домашен притвор или ќе има обврска да се бави со општетсвено корисна работа.