Бернардо Бертолучи, италијанскиот Алфред Хичкок во филмската индустрија починал утрово во својот дом во Рим, потврдила неговиот публицист Флавиа Шиави.
Според неа, тој боледувал од канцер.
Бертолучи, најдобро познат по легендарниот филм „Последниот император“, со кој освои девет Оскари и влијаеше на генерации режисери со неговите важни дела како „Конформистот“ и „Последното танго во Париз“, во кои ги истражуваше политиката и сексуалноста преку лично раскажување со смела камера и интензивни бои.
Филмот „Последниот император“ е адаптација на автобиографијата на последниот императорски владетел на Кина, Пу Ји. Доминирајќи на Оскарите во 1987 година успеа да ја освои секоја категорија во која беше номиниран, вклучувајќи најдобар филм и најдобар режисер. Со тоа, Бертолучи стана првиот и единствен италијанец што освоил Оскар за најдобар режисер. „Последниот император“ е меѓу филмовите што освоиле најмногу Оскари и првиот западен филм за Кина направен во соработка со кинеската влада.