Берзанските цени на гасот во Европа на самото отворање на тргувањето во понеделникот се искачија на повеќе од 2.900 долари за илјада кубни метри односно пораснаа за повеќе од 30 отсто, покажуваат податоците од лондонскиот пазар ICE.
Најблиските, односно октомвриски термински договори, според индексот на најголемиот европски гасен хаб холандскиот TTF, го отворија тргувањето по цена од 2.850 долари за илјада кубни метри (или за 272 евра по мегаватчас), односно по 26,6 отсто повисока цена отколку на затворањето претходниот трговски ден. Гасот достигна максимална цена од 2.917 долари за илјада кубици во 8,18 часот по македонско време, односно со скок од 31,4 отсто, за потоа да се тргува по цена од 2.733,2 долари (256 евра за мегаватчас), односно со пораст од 23 отсто. Динамиката на котациите е дадена од порамнувачката цена од претходниот трговски ден од 2.219,6 долари.
Големиот скок на цените на, во однос на истиот период ланската година е речиси повисока пет пати, следуваше откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ објави дека и натаму нема да испорачува гас во Европа поради проблеми со гасоводот Северен тек 1. Компанијата соопшти дека е настанат проблем на главната и единствена функционална во моментов гасна турбина на компресорската станица „Портоваја“ крај Санкт Петебург, поради истекување на масло.
Германски „Siemens“ објави дека рускиот кадар може да го санира проблемот, но од „Газпром“ одговорија дека според долгорочниот договор токму тие треба да ги сервисираат техничките проблеми и одржувањето на гасоводот.
„До гасот е тешко да се дојде, сѐ потешко е да се замени дури и најмалото количество коешто не пристигнува од Русија“, толкува за Reuters Јакоб Мандел, виш соработник за суровини во „ Aurora Energy Research“
„Во моментов има доста простор за заемна на рускиот гас со увезен LNG (течен природен гас), но кога ќе залади и кога побарувачката во Европа и во Азија зимава ќе порасне, количествата LNG кои Европа ќе мора да ги увезе ќе бидат ограничени“, додава Мандел.
Снабдувањето на глобалните пазари со LNG беше тесна и пред украинската криза, бидејќи светската економија во закрепнувањето на пандемиската криза ја „проголта“ понудата, напомнува Reuters.