Германските истражувачи откриле дека неколку експлозии кои се случиле во близина на гасоводите Северен тек 1 и Северен тек 2 преку кои по дното на Балтичкото Море рускиот гас се испорачуваше во Германија и Европа, најверојатно биле чин на саботажа, објави американското издание The Wall street Journal, повикувајќи се германски функционери запознаени со текот на истрагата.
Според весникот, германските експерти не биле во можност да ја поврзат претпоставената диверзија со дејствија на некој конкретен субјект. Сепак, некои германски неименувани функционери тргуваат од претпоставката дека наводно „Русија стои зад експлозиите“.
Според WSJ, во Германија сметаат дека саботажата најверојатно не била извршена со воена подморница. Една од разгледуваните верзии е дека експлозивните направи биле потопени во морето од брод и активирани од далечина, рекле неименувани извори во Германија.
На крајот од минатата седмица германската јавна телевизија ARD објави дека се познати резултатите од германската истрага, повикувајќи се на извори во владата во Берлин. Според овој извор, германските истражувале проучувале фотографии направени со далечински управувано подводно пловило на Бундесверот на местото на оштетувањата на Северен тек, дошле до заклучокот дека штетата можела да биде предизвикана само со употреба на експлозив.
Истекувањето на гасот е со дијаметар од осум метри, беше истакнато во прилогот на ARD. Притоа се додава дека двата цевковода на Северен тек 1 имаат по две оштетувања, додека само една од линиите на Северен тек 2 е оштетена.
Претходно во вторникот шведскиот дневен весник Expressen ги објави првите јавни снимки од оштетувањето откриено на 26-ти септември и објави дека недостасуваат најмалку 50 метри од гасоводот Северен тек 1.
Шведската полиција и државното обвинителство се сомневаат дека истекувањето на гасот од цевководите на Северен тек 1 и Северен тек 2 во шведските и данските води се последица на намерна експлозија и затоа случајот го истражуваат како чин на саботажа.
Претходно во вторникот полицијата на Данска објави дека прелиминарната истрага на оштетувањата на двата гасовода во данскиот дел од Балтичкото Море покажуваат дек се предизвикани од „силни експлозии“.