Откако лидерот на ДПА, Мендух Тачи, во изјава за медиумите истакна дека на денешниот состанок на партиите од владејачката партија присуствувале и претставници од БЕСА, од оваа партија го негираа таквото тврдење.
„Тачи нема сам партија, па останал да коментира. Не е точно дека имало претставник“, велат од партијата БЕСА.
Претходно Тачи уверуваше дека мнозинството е безбедно, а од коалицијата наведоа дека е договорена стратегијата за утрешната собраниска седница за гласање доверба на Владата.
Меѓутоа, само лидерот на ДПА, Мендух Тачи даде кус коментар по средбата за неколку медиуми. Тој кажа дека мнозинството е безбедно, а ќе се работи и на проширување на истото.
„Го овластивме премиерот, нормално, ќе разговара и со други политички групации или пратеници да имаме уште поголемо мнозинство. Конечно најдобрата вест е дека е оваа Влада и ова мнозинство продолжува и на 15-ти декември се надевам, 99,9 отсто, ние ќе добиеме датум“, рече Тачи.
Средбата на премиерот и лидерот на СДСМ, Зоран Заев и коалициските партнери заврши без многу детали.