Пожарникарите вложуваат огромни напори да ја вратат контролата врз разбеснетите пожари во Калифорнија.
Неколкудневните пожари во Калифорнија ги зафатија и прескокнаа автопатот што служеше како брана пред големиот пламен на еден од 20-те шумски пожари.
Уништени повеќе од 20 куќи
Малку посвежото време денес им помогна на пожарникарите да изградат тампон зона меѓу огнот и илјадниците домови, што се загрозени од пожарот што се проби низ засушениот честер, во округот Лејк, во кој со години наназад немало пожар.
Таму во текот на денот дувна ветар со променлив правец што го разнесе врелиот жар северно од автопатот и предизвика неколку нови пожари од неговата друга страна, северно од градот Клирлејк.
Во изминатите неколку дена се уништени повеќе од 20 куќи, а од огнот се загроени повеќе од 13.000 лица, пренесува Танјуг.
Ветровите ја отежнуваат ситуацијата
Најголемиот пожар во сушната Калифорнија за време на викендот се прошири на три пати поголема територија, на речиси 97 квадратни километри, создавајќи при тоа сопствени ветрови што го шират пламенот и големите површини со ниско стеблеста шума и честар ги претвораат во неплодна земја.
Огнот гори на подрачјето на Ловер Лејк, на околу 100 километри од Сан Франциско и на 10 километри од Клир Лејк, што е најголемото слатководно езеро во Калифорнија и популарно место за наутичарите и камперите.
Пожарникарите велат дека куќите околу езерото не се загрозени.
Евакуираните жители биле вџашени од брзината со која пламенот се ширел, пренесува МИА.
Големи шумски пожари ја зафатија Клифорнија и во месец септември минатата година.
Евакуирани 1.000 лица
Во големите шумски пожари во Калифорнија во септември минатата година беа евакуирани околу 1.000 лица од околу 400 куќи во близина на националниот американски парк Јосемити.
Огнената стихија која изби недалеку од островот Бас веќе уништи 130 хектари во рок од само неколку часа.
Во гаснењето на пожарите беа вклучени 400 пожарникари.
Поради високите температури изминатиов месец неколку шумски пожари беа регистрирани и во државите од балканското подрачје.