За време на викендите и на државни празници на јавното паркиралиште „Дом на печат“ рампите ќе бидат кренати, соопштија Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“.
Оваа одлука е донесена откако е ставена во употреба жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст, а возењето со автобус е бесплатно за време на викенд и празници на линиите број 25 (Транспортен центар – Средно Водно), број 25А (Автомакедонија – Средно Водно) и број 25Б („Дом на печат“ – Средно Водно).
Исто така, на јавното паркиралиште зона А0, на Средно Водно, за време на викендитеи државните празници ќе биде зголемен бројот на контролорите за паркирањето и на инкасантите за наплата.
Градот Скопје апелира до граѓаните своите возила да ги паркираат исклучиво на обележаните паркиралишта во градот и да го чуваат зеленилото и јавните површини од оштетување.